• среда, 25 декември 2024

Уапсен норвешки милионер, осомничен за убиство на сопругата

Уапсен норвешки милионер, осомничен за убиство на сопругата
Осло, 28 април 2020 (МИА) - Норвешкиот милионер Том Хаген е уапсен денеска поради сомнеж дека ја убил својата сопруга Ане-Елизабет, за која се претпоставувало дека е киднапирана во 2018 година поради откуп во криптовалута, соопшти полицијата. Ане-Елизабет Хаген, која тогаш имала 68 години, исчезнала од својот дом во октомври 2018 година. Во врска со овој настан полицијата јавно соопштила во јануари 2019 година. Семејството Хаген тврдело дека добило барање за исплата на откуп од 10 милиони долари во криптовалута, позната како „монеро“, објавија медиумите. Норвешката полиција денеска соопшти дека го упасила нејзиниот сопруг, бизнисменот Том Хаген кога одел накај работа. - По 18-месечна истрага полицијата дојде до сознанија поради кои има причина да се сомнева дека Том Хаген е вмешан во убиство или подготвување заговор за убиство, наведува полицијата, додавајќи дека не постоело никакво киднапирање, ниту правни преговори. гт/

Остани поврзан