• сабота, 23 ноември 2024

Затвореник кој бил во бегство се сомничи дека бил инволвиран во убиството кај ТЦ „Мавровка“

Затвореник кој бил во бегство се сомничи дека бил инволвиран во убиството кај ТЦ „Мавровка“

Скопје, 22 август 2024 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје информира дека во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода едно лице за кое постои сомнение дека било инволвирано во убиството кај Трговскиот центар „Мавровка“. Станува збор за затвореник кој бил во бегство од КПУ Затвор - Скопје.

Како што информираат од Обвинителството во тек се вештачења на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост на ова лице во настанот, а осомничениот е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување.

- Со оглед на тоа што приведениот е осудено лице за друго кривично дело и бил во бегство од КПУ Затвор – Скопје врз основа на издадената потерница и по консултација со јавен обвинител, тој денеска е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување, стои во соопштението.

За овој настан, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поведе истрага против едно лице, кое се гони за кривични дела – убиство, обид за убиство и недозволено поседување оружје и на кое по предлог на јавниот обвинител му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. ар/бак/


Фото: МИА

 

Остани поврзан