• понеделник, 16 март 2026

Уапсен жител на Старо Нагоричане, предизвикал пожар во туѓ имот

Уапсен жител на Старо Нагоричане, предизвикал пожар во туѓ имот

Куманово 16 март 2026 (МИА) - Полицијата уапси жител на општина Старо Нагоричане, бидејќи предизвикал пожар во туѓ имот, соопшти денеска МВР.

 

Според пријавеното, пожарот настанал веднаш откако полициските службеници го паркирале возилото. Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема, соопшти полицијата

-Вчера, во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и стрниште и предизвикал пожар во имот сопственост на Г.С.(60) од Куманово, при што биле опожарени дрва, соопшти МВР.

Пожарот, во кој нема повредени лица го изгасила екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.

Од ТППЕ информираа дека интервенирале во Алгуња(Гулиновац) на пожар на сува трева и родни дрвца, со една екипа.

Д.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ам/вј/

Фото МИА и ТППЕ Старо Нагоричане 

Остани поврзан