• понеделник, 23 декември 2024

Уапсен е полицаец осомничен дека открил детали од истрагата за исчезнатото девојче од околината на Бор

Уапсен е полицаец осомничен дека открил детали од истрагата за исчезнатото девојче од околината на Бор

Бор, 29 март 2024 (МИА) - Во Бор денеска е уапсен полицаец поради сомневање дека открил детали од истрагата за исчезнатото девојче Данка Илиќ од околината на градот Бор во источна Србија.

Белградските медиуми јавуваат дека полицаецот бил приведен и дека не поминал на полиграфскиот тест. 

Се уште трае потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено на 26 март. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан