Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
- Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград
Белград, 24 ноември 2024 (МИА) – Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.
– Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека е уапсена и приведен тринаесеттиот осомничен Ј.С.М., која на денот на апсењето не била достапна за органите на прогонот, а која е опфатена во Наредбата за постапување од истрагата, поради основи на сомнение дека сторила кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно извршување градежни работи, се наведува во соопштението на Вишото јавно обвинителство.
Вишиот суд во Нови Сад и одреди притвор до 30 дена на уапсената Ј.С. М.
На 23 ноември, Вишиот суд во Нови Сад им одреди притвор до 30 дена на министерот за градежништво Весиќ и на поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан.
Весиќ штрајкува со глад над 60 часа, но неговиот живот не е во опасност. об/ми/