• понеделник, 16 декември 2024

Уапсените во немирите во Казахстан може да се соочат и со доживотни затворски казни

Уапсените во немирите во Казахстан може да се соочат и со доживотни затворски казни
Алмати, 6 јануари 2022 (МИА) - Казахстанското Државно јавно обвинителство отворило предмети за масовните немири во земјата, а истрагата е проширена и за терористички активнисти, јави ТВ каналот „24 Хабар“. „Главното обвинителство на Казахстан отвори кривични предмети за организирање и учество во немири, а почната е и предистражна истрага за терористички акти“, соопшти телевизискиот канал. Како дел од истрагата формирана е меѓуресорска работна група, составена од „најискусните службеници за заштита на правото и спроведување на законот, под раководство на специјален обвинител“. Се истакнува дека учесниците во немирите во Казахстан би можеле да бидат осудени на казни од осум години затвор до доживотен затвор, со одземање на државјанството. сд/

Остани поврзан