• сабота, 23 ноември 2024

ТХП бара да се оформи посебна изборна единица за учество на избори на помалкубројните етнички заедници

ТХП бара да се оформи посебна изборна единица за учество на избори на помалкубројните етнички заедници
Скопје, 17 март 2023
 
Во процесот на демократизација на државата, Партијата за движење на Турците (ТХП) бара промена на изборен модел односно модел којшто ќе овозможи правично и фер претставување на помалкубројните етнички заедници во Собранието на Република Северна Македонија.
 
Партија за движење на Турците (ТХП) бара посебна изборна единица за учество на избори на партиите на помалкубројните етнички заедници. Во таа посебна изборна единица партиите на помалкубројните етнички заедници ќе се натпреваруваат меѓусебно. Со оваа посебна изборна единица при парламентарни избори во државава на која ќе биде овозможено да гласа гласачи од помалкубројните етнички заедници. Од оваа изборна единица ќе се избираат пратеници само тие што ќе го поминат прагот, односно под услов да биде освоен одреден минимум број на гласови. 
 
Со ваков изборен модел не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помалкубројни етнички заедници ќе имаат зголемени шанси за парламентарно претставување, кое е особено важно за негување на мултикултурниот карактер на Република Северна Македонија.
 
Прес - центар на Партија за движење на Турците
 
Фото: ТХП

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 
 

Остани поврзан