ТФТ Скопје го совлада бугарски Балкан
- Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје триумфираше вечерва над Балкан на гостински терен во Ботевград во подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона во домашното првенство со 80:72 (22:21, 12:24, 16:18, 22:17).

Ботевград, 11 септември 2024 (МИА) – Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје триумфираше вечерва над Балкан на гостински терен во Ботевград во подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона во домашното првенство со 80:72 (22:21, 12:24, 16:18, 22:17).
Кошаркарите на ТФТ на полувремето заминаа со двоцифрено водство (45:34), а предноста ја зачуваа до крајот на дуелот во Арена Ботевград.
Петмина кошаркари во редовите на ТФТ постигнаа десет или повеќе поени, а најефикасен беше Џелин Гафни со 22 кошеви.
Новата сезона во македонската машка кошаркарска лига започнува на 5 октомври, а ТФТ Скопје во воведното коло ќе го пречека Куманово. ег ФОТО: Фејсбук