• сабота, 14 февруари 2026

ТФТ прв полуфиналист на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

ТФТ прв полуфиналист на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Куманово, 13.февруари 2026 (МИА) – Екипата на ТФТ е првиот полуфиналист на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ откако во првото четвртфинале во Куманово го совлада Феникс со 98:71 (19:22; 27:12; 22:23 и 30:14). Во полуфиналето ТФТ го очекува победникот од дуелот Пелистер и МКК Куманово што почнува во 19:30 часот.

Со две добро одиграни четвртини (втората и четвртата) кога на противникот (Феникс) му дозволија да постигне помалку од 20 поени избраниците на тренерот Боро Смилковски стигнаа до победата. Георги Зафиров со 19 поени беше најефикасен на натпреварот, а во тимот на ТФТ дури седум играчи имаа двоцифрен број поени.

Во второто четвртфинале играат двата најуспешни клуба во ова натпреварување актуелниот Куп победник МЗТ Скопје Аеродром и Работнички (почеток 14:30 часот), а во третото четвртфинале е дуелот меѓу Кожув и Маџари. мн/

Фото: МИА

Остани поврзан