• вторник, 26 ноември 2024

Тухел ќе добие 10 милиони евра од Баерн, сумата ќе се намали доколку најде работа пред летото 2025 година

Тухел ќе добие 10 милиони евра од Баерн, сумата ќе се намали доколку најде работа пред летото 2025 година

Минхен, 19 јуни 2024 (МИА) – Раководството на  бундеслигашот Баерн Минхен и тренерот Томас Тухел се договорија за шема за исплата на пенали.

Тренерот го напушти клубот од Минхен по крајот на сезоната. Претходно беше објавено дека на фудбалскиот стручњак ќе му бидат исплатени повеќе од 10 милиони евра.

Според „Билд“, Тухел ќе добие околу 10 милиони евра. Но, доколку Томас пред истекот на договорот со Баерн (до 30.06.2025 година) преземе друг тим, дел од сумата ќе му биде одземена.

Големината на резот зависи од тоа колку време останува на неговиот договор со Баерн. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан