• сабота, 23 ноември 2024

Туск: Доаѓам во Брисел со задача да го вратам местото на Полска во ЕУ

Туск: Доаѓам во Брисел со задача да го вратам местото на Полска во ЕУ

Варшава, 25 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот и најверојатно идниот полски премиер Доналд Туск денеска пристигна во Брисел, каде кажа дека доаѓа со мисија да го врати местото на неговата земја во ЕУ.

-Пред речиси 10 години, во мојот прв говор како претседател на Европскиот совет, реков дека дојдов во Брисел со чувство за мисија, а тоа можам да го повторам и денеска. Денешната мисија е враќање на местото на мојата земја во Европа и зајакнување на ЕУ, рече Туск.

„Резултатите од изборите во Полска јасно покажаа дека демократијата, владеењето на правото, слободата на говорот, европското единство се многу важни за нашите граѓани. Горд сум на моите сонародници - тие докажаа дека не треба да надвладеат антидемократските и антиевропските сили“, додаде тој.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека нејзиниот разговор со Туск денеска ќе влијае на обезбедувањето средства од европскиот буџет за Варшава, поддршката за Украина и стабилноста на економијата на ЕУ.

„Рекордна излезност на изборите во Полска претходно овој месец покажа дека Полјаците се силно посветени на демократијата“, рече таа. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан