• вторник, 24 декември 2024

Тур де Франс: Парична казна поради бакнеж за сопругата и синот

Тур де Франс: Парична казна поради бакнеж за сопругата и синот

 

Париз, 6 јули 2024 (МИА) – Меѓународната велосипедска федерација (UCI) му изрече казна од 200 швајцарски франци на францускиот возач Жилиен Бернар, откако за време на седмата етапа на „Тур де Франс“ за момент се симна од велосипедот за да ги бакне синот и сопругата кои стоеја покрај патеката.

Седмата етапа на најпознатата светска велосипедска трка „Тур де Франс“, во должина од 25,3 километри во единечен хронометар, се возеше по улиците на родното место на Бернар во Бургоњ, а покрај патеката се собраа многу негови пријатели и роднини, меѓу кои беа неговата сопруга и синот.

Додека минуваше покрај нив, Бернард се симна од велосипедот и ги бакна, а UCI тоа го окарактеризира како „непристојно“ однесување со кое францускиот велосипедист му „наштетил на имиџот на велосипедизмот“.

„Се извинувам на UCI што го нарушив имиџот на нашиот спорт, но подготвен сум да плаќам по 200 франци секој ден за повторно да го доживеам тој момент“, објави Бернард преку социјалната мрежа Икс. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан