• вторник, 24 декември 2024

Турција: Приведено лице кое го имитирало гласот на Ердоган со помош на вештачка интелигенција

Турција: Приведено лице кое го имитирало гласот на Ердоган со помош на вештачка интелигенција

Анкара, 17 август 2023 (МИА) - За време на операција на турската разузнавачка агенција МИТ во Турција, приведено е лице кое со помош на вештачка интелигенција го имитирало гласот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и се јавувал кај бизнисмени и високи владини претставници, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Во операцијата на МИТ беше откриено дека измамникот се обидувал да го имитира гласот на претседателот Ердоган со помош на апликации за вештачка интелигенција. Тој повикал угледни бизнисмени и владини функционери од преку десет телефонски броеви заради различни измами.

Единиците за безбедност на МИТ успеале релативно брзо да го утврдат идентитетот и локацијата на измамникот, по што тој бил приведен.

Турските власти ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни при ваквите обиди за измама, ветувајќи дека мерките против ваквите постапки континуирано ќе се засилуваат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан