• вторник, 17 декември 2024

Турција предлага продолжување на договорот за храна за една година

Турција предлага продолжување на договорот за храна за една година
Анкара, 7 ноември 2022 (МИА) – Турција ќе преземе иницијатива за продолжување на договорот за транспорт на жито преку црноморската рута за уште една година, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. Договорот истекува на 19 ноември. На крајот на јули претставници на Русија, Украина, Турција и ОН потпишаа пакет договори за транспорт на жито со кои се одредува динамиката за извоз на украински жито од пристаништата во Црното Море и предвидува укинување на ограничувањата за извоз на руски земјоделски производи на светските пазари. Сепак, Москва повеќе пати тврдеше дека договорот не функционира во делот поврзан со руската храна и ѓубриво и предупреди дека украинското жито се испраќа првенствено во Европа, а не во сиромашните земји во Африка. На крајот на минатата недела, по напад врз бродовите на руската Црноморска флота во Севастопол, Русија го прекина учеството во транспортот на жито, но повторно го активираше по преговорите со Турција и писмени гаранции од Украина. јт/

Остани поврзан