Турција го осуди анектирањето на Крим и побара од ЕУ да ги укине санкциите кон Сирија
- На 11-годишнината од референдумот за приклучување на Крим кон Русија, Турција повторно го осуди анектирањето на полуостровот, нарекувајќи го кршење на меѓународното право, јави ДПА.

Истанбул, 16 март 2025 (МИА) –На 11-годишнината од референдумот за приклучување на Крим кон Русија, Турција повторно го осуди анектирањето на полуостровот, нарекувајќи го кршење на меѓународното право, јави ДПА.
„Повторуваме дека (Турција) не ја признава фактичката ситуација во Крим, што претставува прекршување на меѓународното право, и ја поддржуваме територијалната целост и суверенитетот на Украина“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Во февруари 2014 година, руски војници го окупираа Крим, каде што беше стационирана руската Црноморска флота. Референдумот на 16 март 2014 година, кој не беше меѓународно признат, покажа мнозинска поддршка за приклучување кон Русија. Москва официјално го анектираше полуостровот на 18 март истата година.
Турција, исто така, ќе побара од Европската Унија на утрешната донаторска конференција во Брисел да ги укине санкциите против Сирија „без услови и на неопределен период“.
Анкара, која ја поддржува новата сириска влада формирана на 8 декември, смета дека укинувањето на санкциите е неопходно за „сеопфатна и мирна транзиција “ во земјата. Турција, која прифати околу три милиони сириски бегалци, истакна дека економската стабилност на Сирија е клучна за безбедноста во регионот и за враќање на раселените лица.
Во меѓувреме, Европската Унија размислува за повторно воведување санкции, поради неодамнешните насилства во северозападна Сирија, каде што беа убиени над 1.200 луѓе, според податоците на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. ссм/
фото: архива