• понеделник, 16 декември 2024

Турција ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговарачка маса

Турција ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговарачка маса

Истанбул, 19 септември 2023 (МИА) – Турција, сојузник на Азербејџан, денеска ја оцени како легитимна „загриженоста“ на земјата што доведе до нејзината воена операција во Нагорно-Карабах, но ги повика и Азербејџан и Ерменија да се вратат на преговарачка маса.

- Азербејџан беше принуден да преземе мерки што смета дека се неопходни на сопствената суверена територија, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Се додава дека Азербејџан има „легитимна загриженост“ за ситуацијата во Нагорно-Карабах по конфликтот кон крајот на 2020 година.

Иако Турција ги осуди ерменските „провокации“, властите во Анкара повикаа на продолжување на преговарачкиот процес меѓу Азербејџан и Ерменија.

Азербејџан денеска почна воена операција во Нагорно-Карабах.

Во 2020 година, Ерменија и Азербејџан се судрија околу контролата врз регионот Нагорно-Карабах, а конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот беше постигнат со помош на Русија.

Турција во таа војна го поддржа Азербејџан.

Односите меѓу Турција и Ерменија се затегнати поради масакрот врз Ерменците за време на Првата светска војна за време на Отоманската империја.

Ерменија и многу земји го сметаат масакрот за геноцид, што Турција го отфрла. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан