Турски Бајкар ја купува италијанската авиокомпанија Пјаџо Аероспејс
- Турската компанија Бајкар денеска соопшти дека ќе ја купи италијанската авиокомпанија „Пијаџо Аероспејс“, а дека продажбата е одобрена од италијанското Министерство за претприемништво и производниот бренд „Произведено во Италија“.
Анкара, 27 декември 2024 (МИА) – Турската компанија Бајкар денеска соопшти дека ќе ја купи италијанската авиокомпанија „Пијаџо Аероспејс“, а дека продажбата е одобрена од италијанското Министерство за претприемништво и производниот бренд „Произведено во Италија“.
Бајкар, најголемата светска компанија за вооружени беспилотни летала (UAV), ја даде најдобрата понуда на меѓународниот тендер за купување на Piaggio Aerospace.
„Piaggio Aerospace“ е познат по производството на деловни млазни авиони и авионски мотори P. 180 Avanti, познати како „Ферари на небото“. јт/
Фото: Пијаџо Аероспејс