• понеделник, 16 декември 2024

Турскиот Парламент во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за НАТО

Турскиот Парламент во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за НАТО

Истанбул, 24 јули 2023 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Парламентот во Анкара во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за членство во НАТО.

- Кога парламентот ќе продолжи со работа (во октомври по летната пауза), ќе направиме сè што е потребно, а пратениците ќе го разгледаат барањето на Шведска. Конечната одлука е на пратениците, рече Ердоган во говор по седницата на владата.

Тој додаде дека Анкара е подготвена да ги реши сите проблеми со дијалог. јт/

Остани поврзан