• недела, 28 јули 2024

Турнир во пинг-понг во Делчево по повод одбележувањето на Денот на градот

Турнир во пинг-понг во Делчево по повод одбележувањето на Денот на градот
Делчево, 29 август 2022 (МИА) - Во Делчево по повод Денот на градот 7 Септември ќе се одржи турнир во пинг-понг. Активноста е во организација на Локалниот совет на млади со поддршка од Општина Делчево. -За таа цел во тек е пријавувањето на пинг понг турнирот во машка и женска конкуренција којшто ќе се одржи на 07.09.2022 година со почеток во 17 часот во спортската сала кај Средното општинско училиште „М.М.Брицо“, информираа организаторите. Во зависност од бројот на пријавени натпреварувачи, учесниците, како што додадоа, ќе бидат организирани во повеќе категории. -Сите заинтересирани млади лица на возраст од 15 до 29 години може да се пријават на facebook- страницата „Совет На Млади Општина Делчево“ или на телефонските броeви  070/251-190, 071/269-833 и 076/495-887, најдоцна до 06.09.2022 година. За учество на турнирот не се плаќа финансиски надоместок, додадоа од Младинскиот Совет За победниците на турнирот се предвидени награди од страна на Општина Делчево. вс/рп/

Остани поврзан