• сабота, 23 ноември 2024

Тупанчески: Итно да се реагира за недостигот на судии и јавни обвинители за да се спречи застарување на предметите

Тупанчески: Итно да се реагира за недостигот на судии и јавни обвинители за да се спречи застарување на предметите

Скопје, 1 февруари 2023 (МИА) - Треба итно да се реагира во однос на недостигот на вработени судии и обвинители и бројот на предмети на кои работат, а доколку тоа не се реши до крајот на годината, тогаш ќе се судриме со реален проблем и со огромен број на предмети за кои постои застареност, изјави денеска министерот за правда, Никола Тупанчески, посочувајќи како пример дека апелационото подрачје во Штип останува без судии.

По денешната посета на Апелациониот суд во Штип и средбата со неговиот претседател, вишиот јавен обвинител, претседателот на штипскиот Основен суд и основниот јавен обвинител, министерот изјави дека размениле мислења, искуства и идеи околу надминување на состојбите и, како што рече, „веројатно ќе најдеме заедничко решение“.

- Разменивме мислења, искуства и идеи околу надминување на некои состојби кои што можеме да ги наречеме актуелни или акутни во однос на капацитетите што воопшто се дел од апелационото подрачје и во однос на оние проблеми што претходно ги разговаравме или дилеми како би им нашле соодветни адекватни решенија за надминување на тие дилеми или одредени недостатоци кои што се присутни, рече тој. ар/сп/

 

 

Остани поврзан