• сабота, 23 ноември 2024

Тупанчески: Иницијативата на Народниот правобранител откако ќе биде доставена, ќе биде разгледана од работната група

Тупанчески: Иницијативата на Народниот правобранител откако ќе биде доставена, ќе биде разгледана од работната група
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) -  Да не заборавиме дека Законот за извршување не ја уредува материјата на казнената камата. Оваа материја е дел од Законот за облигациони односи, а во моментот формирана е работна група, која работи на Граѓанскиот кодекс, во кој што влегува и Законот за облигациони односи, истакна министерот за правда Никола Тупанчески коментирајќи ја Иницијативата на Народниот правобранител Насер Зибери за измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, кои се однесуваат на прашањето на казнената камата. - Во таа насока сите сугестии дури и од страна на Народниот правобранител треба да бидат доставени до работната група која што веќе постои и работи на измени и дополнувања на Законот за облигациони односи и да биде постапено во зависност на целисходноста на предлозите, рече Тупанчески на настанот „Преглед на реформите поврзани со правдата на децата”. Тој потенцира дека како министер нема ниту овластување, ниту надлежност да ја прифати Иницијативата, посочувајќи дека има работна група и откако ќе биде доставена, работната група ќе се произнесе по тоа. Народниот правобранител Насер Зибери на вчерашната прес-конференција информира дека како овластен предлагач до Владата на Република Северна Македонија ќе достави Иницијатива за измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, кои се однесуваат на прашањето на казнената камата. Од Омбудсманот предлагаат казнената камата да не може да биде поголема од основниот долг, односно измените одат во насока која каматата ќе го достигне главниот долг, односно ќе ја достигне висината на главниот долг и истата да престане да тече. фф/аа/  

Остани поврзан