Тунис осуди 40 луѓе на затвор под обвиненија за заговор против државата
- Четириесет лица во Тунис, повеќето опозициски политичари, добија затворски казни од 13 до 66 години под обвинение за заговор против државната безбедност, соопштија денеска адвокатите на одбраната.

Тунис, 19 април 2025 (МИА) – Четириесет лица во Тунис, повеќето опозициски политичари, добија затворски казни од 13 до 66 години под обвинение за заговор против државната безбедност, соопштија денеска адвокатите на одбраната.
Некои од обвинетите во случајот, кој почна пред повеќе од две години, се уште се на слобода, пренесе ДПА.
Пресудите, кои може да се обжалат, беа донесени по три судски рочишта поради протестите на опозицијата и групите за заштита на човекови права.
Обвиненијата, исто така, вклучуваат формирање и приклучување кон терористичка група, извршување напад со намера да се смени државната структура или поттикнување луѓе да се напаѓаат едни со други со оружје и поттикнување хаос, убиства и грабежи, информира судски службеник.
Опозицијата ги отфрли обвиненијата како политички мотивирани.
Во 2021 година, тунискиот претседател Каис Саид ја консолидираше својата власт со распуштање на парламентот и разрешување на тогашниот премиер, чекори што опозицијата ги нарече „државен удар“.
Потезите на Саид доведоа до ново, значително ослабено претставничко тело.
Саид, поранешен професор по право, одржа и уставен референдум, кој му даде пошироки овластувања. Во октомври минатата година тој доби втор мандат. јт/
Фото: МИА архива