• сабота, 23 ноември 2024

Тунберг повторно се обиде да го блокира пристапот до нафтен објект откако беше казнета за истото дело

Тунберг повторно се обиде да го блокира пристапот до нафтен објект откако беше казнета за истото дело

Малме, 25 јули 2023 (МИА) - За кратко време откако шведскиот суд ја казни Грета Тунберг за непочотување на полицијата за време на еколошки протест пред нафтен објект минатиот месец, активистката повторно се обиде да го блокира пристапот до истата локација и мораше да биде придружувана од полицијата.

Вчера, 20-годишната Тунберг ги призна фактите, но негираше дека е виновна за тоа што се случило. Таа изјави дека борбата против индустријата за фосилни горива е форма на самоодбрана поради егзистенцијалната и глобалната закана од климатската криза. „Не можеме да го спасиме светот играјќи според правилата“, изјави таа откако ја слушна пресудата, ветувајќи дека „дефинитивно нема да отстапи“.

Судот ги отфрли нејзините аргументи и ја казни со 2.500 круни (околу 240 долари).

Тунберг и неколку други млади активисти беа обвинети за непочитување на полициската наредба да се разотидат откако го блокираа пристапот до нафтениот терминал во јужниот шведски град Малме на 19 јуни.

И покрај казната, вчера попладне Тунберг и активистите се вратија на нафтениот терминал за да направат уште една блокада на патот и на крајот мораше да интервенира полицијата за да бидат отстранети. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан