Трудо: Експлозијата на мостот меѓу Канада и САД е „многу сериозна ситуација“

Торонто, 22 ноември 2023 (МИА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо нагласи дека денешната експлозија на возило на канадско-американскиот граничен премин во близина на Нијагарините водопади претставува „многу сериозна ситуација“.
„Ова е очигледно многу сериозна ситуација кај Нијагарините водопади. Имаше експлозија на возило на мостот Реинбоу“, изјави тој пред Долниот дом. зш/
фото ЕПА