• сабота, 23 ноември 2024

Тројца швајцарски гардисти се откажаа од служба бидејќи не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19

Тројца швајцарски гардисти се откажаа од служба бидејќи не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19
Ватикан, 5 октомври 2021 (МИА) - Тројца припадници на швајцарската гарда, елитниот корпус што го штити папата, одлучија да си дадат отказ наместо да се вакцинираат против Ковид -19, објави швајцарскиот весник Трибун. Откако Ватикан ги примени новите мерки за Ковид-19, тројца членови на стражата ја напуштија службата на „доброволна основа“, изјави портпаролот на Корпусот. Тројца други регрути, кои досега не биле вакцинирани, одлучиле да се вакцинираат, но привремено се суспендирани додека не се целосно вакцинирани. Од 1 октомври за влез во Ватикан потребен е здравствен сертификат што докажува имунитет на Ковид-19. ми/

Остани поврзан