• сабота, 23 ноември 2024

Тројца цивили загинаа во руските напади во Доњецк, објави регионалниот гувернер

Тројца цивили загинаа во руските напади во Доњецк, објави регионалниот гувернер

Покровск, 16 август 2024 (МИА) - Во последните 24 часа тројца цивили загинаа, а петмина беа повредени во руските напади во украинската област Доњецк, изјави регионалниот гувернер Вадим Филашин, цитиран од британските медиуми.

Руските трупи продолжуваат да напредуваат кон логистичкиот центар Покровск во регионот Доњецк, кој е делумно окупиран од Русија. Украина известува дека областа е приоритет за Москва и е под постојан артилериски и воздушен оган.

Бројот на пријавени битки што ги водеше украинската армија на Покровскиот фронт во изминатите 24 часа се намали на 41 од 58 вчера.

Русија ја засили својата офанзива во регионот Покровск оваа недела откако украинските трупи извршија ненадеен упад во областа Курск на 6 август и соопштија дека напреднале 35 километри во руска територија. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан