• вторник, 24 декември 2024

Тројца фудбалери ја надминаа границата од заработени 100 милиони долари за 2019 година

Тројца фудбалери ја надминаа границата од заработени 100 милиони долари за 2019 година
Барселона, 2 јануари 2020 (МИА) - Откако заврши 2019 година, станаа јасни најголемите „победници“ во светот на спортот, барем во однос на заработените пари во последните 365 дена. И за прв пат по години, топ 3 е се окупирани целосно од претставници на светскиот фудбал. Изненадувачки или не, Лионел Меси е на врвот со најголема заработка, според британскиот таблоид „Сан“. Иако Кристијано Роналдо заработува најмногу пари од спонзори и објави на Инстаграм, „Ла Пулга“ е пред него откако заработил 127 милиони долари за минатата година. На второ место е Португалецот, чија банкарска сметка порасна за 109 милиони долари. Интересен факт е дека од постовите на социјалните мрежи (претежно на Инстаграм) тој заработил повеќе пари отколку од неговата плата во Јувентус, што е околу 30 милиони евра. Изненадувачки трет на рангот е Нејмар, кој не е особено запаметен по играњето на теренот, туку по скандалите во кои се најде, вклучително и по обвиненијата за силување (што се покажаа како невистинити). Сепак, за 2019 година, тоа оствари приход од 105 милиони долари. Првиот претставник на професионален бокс во рангот е Канело Алварез, кој со своите 94 милиони долари е под број 4 на престижниот ранг. Веднаш по него е Роџер Федерер со заработка од 93,4 милиони долари. Еве го целосниот ранг: 1. Лионел Меси (Фудбал) - 127 милиони долари 2. Кристијано Роналдо (Фудбал) - 109 3. Нејмар (Фудбал) - 105 4. Канело Алварез (Бокс) - 94 5. Роџер Федерер (Тенис) - 93.4 6. Расел Вилсон (Американски фудбал) - 89,5 7. Арон Роџерс (Американски фудбал) - 89.3 8. Леброн Џејмс (Кошарка) - 89 9. Стеф Кари (Кошарка) - 79,8 10. Кевин Дурант (Кошарка) - 65.4

Остани поврзан