• недела, 22 декември 2024

Тројца убиени во обновените судири во Нагорно Карабах

Тројца убиени во обновените судири во Нагорно Карабах
Ереван, 3 август 2022 година (МИА) - Во сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах денеска повторно избија судири меѓу ерменските и азербејџанските сили, при што воените претставници на Нагорно-Карабах изјавија дека во нападите на азербејџански беспилотни летала загинале двајца, а раниле 14 нивни војници. Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека еден од нивните војници бил убиен во, како што се наведува, „терористички чин на илегални ерменски воени формации“, а армијата на земјата одговорила со „одмаздничка операција, убивајќи и ранувајќи неодреден број „незаконски ерменски активисти“. Лидерот на Нагорно Карабах, Араџик Харутиунџан денеска најави делумна воена мобилизација, што дополнително ги подгрева тензиите во тој регион. Ерменија и Азербејџан имаат повеќедецениски спор околу Нагорно-Карабах, кој се наоѓа во Азербејџан и е под контрола на етничките ерменски сили поддржани од Ерменија од крајот на војната во 1994 година. ссм/

Остани поврзан