• вторник, 24 декември 2024

Тројца припадници на Воздухопловната гарда на САД загинаа при пад на мал авион

Тројца припадници на Воздухопловната гарда на САД загинаа при пад на мал авион
Нешвил, 10 септември 2020 (МИА) - Две жени и еден маж загинаа при пад на мал авион што се урна во американската држава Тенеси. Како што пренесуваат американските медиуми, сите загинати биле припадници на Воздухопловната национална гарда на САД и се наоѓале во едномоторен авион „Пајпер ПА-28“. Трагедијата се случила во близина на аеродромот во Мекминвил, град југоисточно од Нешвил, а авионот се урнал кратко по полетувањето, додека пилотот се обидувал да го врати на аеродромот. паг/

Остани поврзан