• вторник, 24 декември 2024

Тројца научници се добитници на Нобеловата награда за физика

Тројца научници се добитници на Нобеловата награда за физика
Стокхолм, 4 октомври 2022 (МИА) - Добитници на годинашната Нобелова награда за физика се Французинот Ален Аспе, Американецот Џон Клаузер и Австриецот Антон Цајлингер за нивната пионерска работа во квантната механика, соопшти денеска Нобеловиот комитет. Нивните резултати го отворија патот за нова технологија заснована на квантни информации, се вели во соопштението. „Ефектите на квантната механика почнуваат да наоѓаат примени, а сега постои големо поле на истражување кое вклучува квантни компјутери, квантни мрежи и безбедно шифрирана квантна комуникација“, се наведува во соопштението. Минатата година наградата ја добија и тројцата научници Сјукуро Манабе, Клаус Каселман и Џорџо Паризи, чија работа помогна да се објаснат и предвидат комплексните сили на природата, а со тоа да се прошири нашето разбирање за климатските промени. паг/  

Остани поврзан