• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тројца Македонци ќе настапат на Твинго купот во Чешка

Тројца Македонци ќе настапат на Твинго купот во Чешка

Прага, 26 јули 2025 (МИА) - На третата трка сезонава од првенството на „Twingo Cup“ тројца македонски возачи ќе се појавата на стартот на патеката „Мост“ во Чешка. 

Марко Блажевски и Стефан Тренески сезонава веќе возеа на двете трки, во Италија и Словачка, додека првпат ќе седне зад управувачот годинава и Адо Хамзиќ.

За трката во Чешка се пријавени 24 возачи од пет земји од Европа. 

Денеска попладнево се квалификациите, а утре се на програмата двете главни трки. Предвидено е да се возат 10 кругови, односно трката мора да заврши во временски период од 25 минути.

Марко Блажевски и Адо Хамзиќ неколку сезони се натпреваруваат во Твинго купот, додека за Стефан Тренески ова е дебитанската сезона. 

На првите две трки Блажевски двапати се искачуваше на пиедесталот, и плус победи на втората трка на Муџцело во Италија. зс/

Остани поврзан