Тројца Македонци на карате семинар во Шкотска
- Македонските каратисти Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на карате семинар во Глазгов, Шкотска.

Глазгов, 17 август 2024 (МИА) - Македонските каратисти Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на карате семинар во Глазгов, Шкотска.
Семинарот е во организација на Шкотската традиционална карате федерација под водство на легендарниот карате мајстор Сенсеи Масао Кавазое 9 дан и повеќекратниот кумите шампион на Јапонија, Сенсеи Кеисуке Немото 6 дан.
- Учеството на вакви врвни семинари се од големо значење за развојот и напредокот на Македонските каратисти во традиционално карате, објави Македонската традиционална карате федерација.
На семинарот учествуваат преку 250 каратисти од повеќе земји од светот. зс/
Фото: МТКФ