Тројца македонски планинари го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи
- Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино, денеска го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри.

Кавадарци, 23 мај 2022 (МИА) - Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино, денеска го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри.

Станува збор за кавадарчаните Гоце Попов и Весна Чемерска, членови на планинарското друштво „Орле" и неготинецот Пере Самандов.

- Немаше никакви проблеми. Планинаревме пет часа и триесет минути. На врвот беше минус осум степени, времето облачно, изјави Попов за МИА. свд/хс/