• сабота, 23 ноември 2024

Тројца загинати и 10 повредени лица во руски напад со дрон врз Одеса

Тројца загинати и 10 повредени лица во руски напад со дрон врз Одеса

Одеса, 10 јуни 2023 (МИА) - Три лица загинаа, а најмалку 10 се повредени во денешниот утрински напад со дрон на руските сили врз украинскиот регион Одеса, јави украинската Јужна команда.

Во нападот била погодена висококатница, предизвикувајќи пожар што е изгаснат. Експлозивниот бран ги оштетил и околните станбени згради.

Руските сили користеа беспилотни летала од иранско производство во нападот врз регионот, а сите беа уништени од украинските сили, се наведува во извештајот.

Официјални лица се уште ги потврдуваат дополнителните детали за нападот. сд/

Остани поврзан