• понеделник, 23 декември 2024

Тројца браќа од Делчево за прв пат ќе учествуваат на Охридскиот маратон

Тројца браќа од Делчево за прв пат ќе учествуваат на Охридскиот маратон

Делчево, 30 јули 2024 (МИА) - Тројца младинци од Делчево за прв пат ќе учествуваат на Охридскиот пливачки маратон. Тие вчера под менторство на професор Љупчо Прачкоски го одработија последниот тренинг на Градскиот базен во Делчево.

Како што истакна професорот Прачкоски, браќата Филип, Максим и Калин Стефановски се тројца момчиња кои со имаат огромна желба да пливаат.

- Благодарност до нивните родители кои ја дадоа иницијативата да го направиме тој прв чекор, да го испливаат  маратонот од 2,5 километри во Охрид. Мислам дека тоа е прва група на млади момчиња од Делчево кои тоа ќе го направат. Веќе 20-тина дена се подготвуваме. Многу се грижиме за тоа како и на кој начин ќе испливаат затоа што тоа е езеро, прв пат ќе се најдат во таква ситуација, ова е базен, овде нема бранови и струи, истакна Прачкоски.

Тренинзите, како што додаде, започнале тешко што, според Прачкоски, е нормална околност додека траело прилагодувањето на условите  како и начин на кој можат да ја поминат релацијата од 2,5 километри.

- Почнавме со 36 минути, но сега можат да пливаат без застој два часа, со многу голем интензитет. Пливаат со ист ритам, вели Прачкоски. 

Посакува овој прв маратон да им биде прва цел во животот што ќе ја исполнат. вс/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан