• недела, 22 декември 2024

Тројцата убиени израелски заложници во Газа држеле бело знаме

Тројцата убиени израелски заложници во Газа држеле бело знаме

Тел Авив, 16 декември 2023 (МИА) - Тројцата израелски заложници кои, по грешка, вчера биле убиени од израелските сили во Газа, во рака држеле бело знаме, се дознава од првичната истрага за инцидентот, изјави денеска израелски воен претставник.

-Инцидентот се случил во област на интензивни борби во близина на градот Газа, каде милитантите на Хамас оперираат во цивилна облека и користат тактики за измама, изјави израелскиот претставникот.

Тој додава дека израелски војник видел како на десетина метри од него заложниците излегуваат од зграда во областа Шејаја.

-Сите биле без кошула и имале стап со бела крпа на него. Војникот се почувствувал загрозен и отворил оган. Викнал дека гледа терористи, по што војниците отвориле оган, а двајца од заложниците веднаш биле убиени, објасни воениот претставник.

Третиот заложник бил ранет и се повлекол во блиската зграда каде што повикал помош на хебрејски, додаде тој.

-Командантот на баталјонот веднаш дал наредба за прекин на огнот, но војниците повторно  отвораат оган кон третото лице и тој е убиен, додаде воениот истражен претставник.

„Тоа е спротивно на нашите правила за работа“, додаде тој.

Израелската војска уште синоќа ги идентификувала тројцата заложници како Јотам Хаим и Алон Шамриз, киднапирани од кибуцот Кфар Аз и Самер Талалка, киднапиран од блискиот кибуц Нир Ам. сд/

Остани поврзан