Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Велес потпишаа кодекс за фер и демократски избори
- На три дена пред официјалното почнување на кампањата, на осмите локални избори, тројцата кандидати за градоначалник на општина Велес, Марко Колев од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, Маријана Деловска од Демократи и Маја Хеско од СДСМ и Коалицијата денеска во Големата сала на Општина Велес го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
Велес, 26 септември 2025 (МИА) - На три дена пред официјалното почнување на кампањата, на осмите локални избори, тројцата кандидати за градоначалник на општина Велес, Марко Колев од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, Маријана Деловска од Демократи и Маја Хеско од СДСМ и Коалицијата денеска во Големата сала на Општина Велес го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
Марко Колев истакна дека очекува во наредните 20 дена да водат фер и демократски избори, да зборуваат за проекти, за решенија на граѓаните.
- Јас и пред четири години го потпишав овој Кодекс и докажав дека може да се води кампања како што доликува. Истата кампања ќе ја водам и сега. Од мене нема да слушнете нешто што не треба или да напишам нешто што не треба, рече актуелниот и кандидат за втор мандат, Колев.
Маја Хеско истакна дека Кодексот за нејзе како социолог е срж на демократијата.
-Воедно и максимално почитување на правилата на избор и на водење на кампања без употреба на навреди. Ќе водиме апсолутно позитивна и фер кампања, истакна кандидатката за Градоначалник, Маја Хеско.
Маријана Деловскапорача дека дека ќе се залага за ненавредлива, демократска и фер кампања.
Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори го организираше Општинската изборна комисија додека потпишувањето го следеа набљудувачи на ОБСЕ. ад/сст/