Трофејот во Клуж-Напока го освои Потапова
- Руската тенисерка Анастасија Потапова победи на турнирот во Клуж-Напока (Романија).
Клуж-Напока, 9 февруари 2025 (МИА) - Руската тенисерка Анастасија Потапова победи на турнирот во Клуж-Напока (Романија).
Во денешното финале, 32-от рекет на светот во три сета ја победи Италијанката Лусија Бронцети - 4:6, 6:1, 6:2. Мечот траеше 2 часа и 4 минути.
Во текот на играта, Русинката сервираше пет асови, направи две двојни грешки и реализираше пет брејк топки од 14. Нејзината противничка имаше еден ас, четири двојни грешки и реализираше две брејк топки од шест шанси.
За 23-годишната Потапова ова е трета титула на ВТА во сингл. Пред тоа го освои турнирот во Линц во 2023 година и натпреварувањето во Истанбул во 2022 година.
Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 275 илјади долари. зс/
Фото: ЕПА