Тропска бура ќе го погоди централниот дел на Виетнам
- Прогнозите на метеоролозите покажуваат дека тропска бура ќе го погоди централниот дел на Виетнам доцна вечерва, предизвикувајќи обилни дождови и опасност од поплави.
Ханој, 19 септември 2024 (МИА) - Прогнозите на метеоролозите покажуваат дека тропска бура ќе го погоди централниот дел на Виетнам доцна вечерва, предизвикувајќи обилни дождови и опасност од поплави.
Ова доаѓа кратко по ударот на тајфунот Јаги кој погоди северните делови на земјата.
Бурата, наречена „Бура бр. 4“, ќе стигне од провинцијата Куангтри до Куангнам вечерва, со ветер со брзина од 102 километри на час.
Тропската бура може да предизвика интензивни дождови од 100 до 300 милиметри во централните делови, вклучувајќи го и туристичкиот град Дананг. ссм/
фото: архива