• понеделник, 23 декември 2024

Тропска бура се приближува кон јужниот дел на Хаваите

Тропска бура се приближува кон јужниот дел на Хаваите

Хoнолулу, 24 август 2024 (МИА) - Тропската бура Хоне се приближува кон јужниот дел на Хаваи, проследена со силен ветер, обилни дождови и поплави викендов.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за тропска бура за округот Хаваи, кој го опфаќа целиот Голем остров, и предупредување со црвено знаме за островите на архипелагот.

Ветер рано утрината дуваше со брзина на ветер од 105 километри на час. Според Националниот центар за урагани во Мајами, бурата Хоне најверојатно ќе се засили во ураган од прва категорија додека минува близу или јужно од Големиот остров во текот на ноќта.

Управата за туризам на Хаваите соопшти дека сè уште е безбедно патниците да ги посетат островите, а на другите луѓе им препорача да ги одложат активностите на отворено. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан