Тркалезна маса „Зелени пратенички групи на Западен Балкан – средба со Транспортната заедница“
- Тркалезна маса „Зелени пратенички групи на Западен Балкан – средба со Транспортната заедница“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Зелените пратенички групи на Западен Балкан.

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Тркалезна маса „Зелени пратенички групи на Западен Балкан – средба со Транспортната заедница“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Зелените пратенички групи на Западен Балкан.
Денешната тркалезна маса е втора средба меѓу Зелените парламентарни групи од регионот и Транспортната заедница, со цел да се разменат најновите транспортни Aquis и транспортните обврски од Зелената Агенда.
На тркалезната маса најавено е учество на пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, координатор на интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени Тони Јаревски, на директорот на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница Матеј Закоњшек, на регионалниот координатор за Клима и Енергија, GIZ Фелиситас Сик, а се очекува присуство и на германската амбасадорка во земјава, Петра Дрекслер.
Тркалезната маса, како што велат организаторите, има за цел да го унапреди дијалогот меѓу пратениците, институциите и експертите за транспорт, преку разгледување на досегашниот напредок во спроведувањето на Transport Community Treaty Action Plan, развојот на Трансевропска транспортна мрежа (ТЕН-Т) мрежа, како и клучните мерки во рамки на Стратегијата за паметна и одржлива мобилност на Западен Балкан. дма/лв/
Фото: Скриншот