• среда, 27 ноември 2024

Тркалезна маса за корупција на локално ниво

Тркалезна маса за корупција на локално ниво

Скопје, 12 април 2021 (МИА) Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска организира тркалезна маса во рамки на проектот „Корупција? Не во мојата општина!“, финансиски поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Тркалезната маса ќе се одржи онлајн преку платформата Зум. Како што е најавено, ќе се обратат извршната директорка на Коалицијата „Сите за правично судење“ Натали Петровска, Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондација Отворено општество – Македонија и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.  По дискусијата ќе бидат презентирани податоците од финалната анализа изготвена од страна на правниот истражувач од Коалицијата, со сите наоди и препораки.

Главната цел на проектот е зајакнување на граѓанското учество во борбата против корупцијата на локално ниво. Досега спроведени се повеќе активности насочени кон обезбедување бесплатна правна помош на граѓаните кои имаат потреба во конкретни случаи поврзани со корупцијата и судирот на интереси, како и зголемување на свеста и подобрување на нивните индивидуални капацитети. мд/бак/

 

Остани поврзан