• среда, 27 ноември 2024

Три реченици што не се за на психотерапија

Три реченици што не се за на психотерапија
Скопје, 25 август 2021 (МИА) - Психотерапијата е корисна. Но, понекогаш може да биде и малку чудна и засрамувачка, особено за луѓето на кои им е тешко да се отворат и не можат лесно да ги споделат своите чувства. Дури и кога сте отворена личност, разговорот со некој што Ви е непознат може да изгледа застрашувачки. За среќа, таа стигма околу психотерапијата полека исчезнува. Сѐ повеќе луѓе одлучуваат да посетат психотерапевт. За тоа, потребна е добра волја од двете страни, но - дали има нешто што не треба да се каже на овие средби или што психотерапевтите не сакаат да го слушнат? Најважно е да се биде искрен, но има неколку реченици кои можеби нема да имаат најдобар ефект врз самиот процес, иако самите по себе не се лоши. Следат три од нив. „Целосно се согласувам“ Се разбира, на крајот, тоа е единствениот начин за напредок... Меѓутоа, ако пациентот прифати сѐ што терапевтот ќе каже - без дискусија или каква било критика, тоа може да доведе до стагнација. Ако нешто Ве мачи, истакнете го тоа и не премолчувајте. А, во ред е и, едноставно, да побарате друг психотерапевт. „И вие би го направиле истото, нели?“ Како и во секој друг однос, така и во оној со психотерапевтот не е препорачливо да се ставаат зборови во устата на другиот и однапред да се погодува што тој мисли. Психотерапевтот сигурно ќе ви каже што мисли за ситуацијата или Вашата постапка, но од Вас не се бара да се поистоветувате со она што тој или таа ви го кажува. Тоа сепак, сѐ уште е Ваш живот, а не нивен. Состојбата понекогаш прави да се чувствуваме ранливи, па затоа потсвесната желба е да се поистоветиме со некого. Но, довербата треба да се гради полека и внимателно. „Кажи ми што да правам" Улогата на психотерапевтот е да му помогне на пациентот да ја зајакне самодовербата. Тие не треба да управуваат со животот на пациентите или да донесуваат одлуки за нив. Ако сте одлучиле да побарате помош од психотерапевт, не очекувајте тој / таа да управува со Вашиот живот подобро од Вас. Ќе ви даде совети како да го подобрите вашето однесување и да дојдете до основната причина за проблемите што Ве мачат, но Вашите одлуки, реакции и однесувања сепак ќе зависат само од Вас и од тоа колку сте напредувале во терапијата.  си/сд/

Остани поврзан