Три лица загинаа во руски напад на Херсон
- Во денешниот руски напад врз градот Херсон на југот на Украина загинаа тројца цивили, соопшти шефот на регионалната управа на Херсон, Олександар Прокудин.

Херсон, 27 октомври 2024 (МИА) – Во денешниот руски напад врз градот Херсон на југот на Украина загинаа тројца цивили, соопшти шефот на регионалната управа на Херсон, Олександар Прокудин.
- Шеесет и едногодишен маж е убиен попладнево во реонот на Дњепар во напад на непријателски дрон. Друг жител на градот е убиен во близина на поштата, до која одекна експлозија. Во моментов се утврдува идентитетот на човекот, соопшти Прокудин на социјалните мрежи.
Според него, во експлозијата е повреден и 45-годишен жител на Херсон кој е хоспитализиран.
Фото: Прокудин на Фејсбук