• четврток, 12 декември 2024

Три лица загинаа во експлозија во зграда во Хаг

Три лица загинаа во експлозија во зграда во Хаг

Хаг, 7 декември 2024 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а три се повредени во експлозија што се случи денеска во трикатна зграда во холандскиот град Хаг.

Експлозијата предизвикала делумно уривање на зградата и голем пожар. Според изјавата на противпожарната служба на Хаг, инцидентот се случил во 6:15 часот по локално време, предизвикувајќи значителна штета и пожар.

Градоначалникот на Хаг, Јан ван Занен, изјави дека од урнатините се извлечени тела на три жртви, а три лица се повредени, од кои едно е во тешка состојба. Под урнатините се очекува да има уште луѓе. Спасувачките екипи ќе ја продолжат потрагата за преживеани и во текот на ноќта.

Заради безбедност, властите евакуирале околу 40 околни станови. Иако причината за експлозијата сè уште не е утврдена, полицијата повика сите што имаат информации за возило што побегнало од местото веднаш по експлозијата, да се јават. ссм/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан