Три земјотреси со магнитуда од пет степени ги погодија Северните Курилски Острови
- Три земјотреси со магнитуда поголема од пет степени според Рихтеровата скала се регистрирани утрово во Тихиот Океан, во близина на Северните Курилски Острови, објави огранокот Сахалин на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.
Москва, 15 август 2025 (МИА) - Три земјотреси со магнитуда поголема од пет степени според Рихтеровата скала се регистрирани утрово во Тихиот Океан, во близина на Северните Курилски Острови, објави огранокот Сахалин на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.
Земјотресот со магнитуда од 5,1 степен беше со епицентар 127 километри источно од градот Северо-Курилск, на островот Парамушир, на длабочина од 10 километри под морското дно.
Земјотресот беше почувствуван на Парамушир со магнитуда од два до три степени, но не беше издадено предупредување за цунами.
Два други земјотреси, со магнитуда од 5,2 и 5,3 степени, беа претходно регистрирани во истата област, од кои еден беше почувствуван и во Парамушир.
Во двата случаи не беше издадено предупредување за цунами.
Засега нема извештаи за штети или повредени. мс/
фото: МИА архива