• вторник, 24 декември 2024

Три жртви во пукање во Далас

Три жртви во пукање во Далас
Далас, 5 јули 2021 (МИА) – Три лица се убиени, а двајца се повредени во пукање во Далас за врме на прославата на Денот на независноста на САД – 4 јули, соопшти денеска локалната полиција. Полицијата во Далас соопшти дека нема осомничени за пукањето што се случило доцна синоќа. Мотивот и околностите поврзани со пукањето сè уште се испитуваат. KXAS-TV јави дека било пукано во возило на пат, додека полицијата соопшти дека открила пет лица кои биле застрелани и оти сите биле пренесени во болници, каде тројца починале. јт/

Остани поврзан