• понеделник, 23 декември 2024

Три жртви во вооружен напад во средно училиште во Сент Луис

Три жртви во вооружен напад во средно училиште во Сент Луис
Сент Луис, 24 октомври 2022 (МИА) – Три лица се убиени во вооружен напад што денеска се случи во средно училиште во Сент Луис, соопштија американски полициски претставници. Полицискиот комесар Мајкл Сак изјави дека меѓу загинатите има едно возрасно лице, едно девојче и напаѓачот кој пукал. Нападот се случил кусо по 9 часот по локално време во Централниот колеџ за визуелни и изведувачки уметности, поради што учениците се забарикадирале во училниците, скокале од прозорците и бегале од училишната зграда. За неколку минути околу училиштето се собрале десетици полициски возила. Претходно од училиштето соопштија дека во нападот се ранети шест лица, а полицијата „брзо го запрела“ напаѓачот и оти е приведен. Американското ФБИ соопшти дека веќе нема „непосредна закана“ во училиштето. јт/

Остани поврзан