• среда, 27 ноември 2024

Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака

Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака
Ларнака, 29 јули 2020 (МИА) - Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски го продолжи договорот со кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака, откако се договори за продолжување на соработката до 2022 година. Засега детали од договорот не се откриваат. - Тричковски се одлучи да го продолжи договорот со клубот на уште две сезони. Капитенот е целосно свесен за новите финансиски услови. Му благодариме за разбирањето и му посакуваме успех, посочија од клубот. Тој неодамна посочи дека би сакал да ја заврши кариерата во кипарскиот клуб. - Имам 33 години, се обврзав на договор до 2022 година, така да до 35-тата година ќе останам во АЕК Лимасол. Никогаш не се знае, но сакам да ја завршам кариерата на Кипар, изјави популарниот Тричко . Тричковски пристигна на Кипар во редовите на АЕК во 2016 година од Легија Варшава, а претходно настапуваше и за кипарски АПОЕЛ Лимасол. Во 107 натпевари има постигнато 67 погодоци за тимот од Ларнака.

Тагови

Остани поврзан