Трифонов: Ќе сторам сè што е можно Бугарија да добие влада
- Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов денеска соопшти дека имал средба со лидерите на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков и Асен Василев, на која им ветил поддршка за формирање нова

Софија, 16 ноември 2021 (МИА) - Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов денеска соопшти дека имал средба со лидерите на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков и Асен Василев, на која им ветил поддршка за формирање нова бугарска влада, јави дописникот на МИА од Софија.
Трифонов на својот профил на Фејсбук напиша дека ќе направи сè што е можно и сè што зависи од него за што поскоро, уште со првиот доделен мандат, да се формира владата. Затоа, додава, денеска ја прифатил поканата за средба упатена од победниците на изборите - „Промените продолжуваат“. Тој директно порача дека ќе направи сè што е можно, сè што зависи од него и неговата партија „Има таков народ“, владата да може да се формира, а парламентот да работи и народот да се смири, напиша Слави Трифонов. нк/сд/